Македонија

Нестабилно време со дожд и грмежи, потоа следува затоплување

Нестабилно време со дожд и грмежи, потоа следува затоплување

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од северозападен правец, кој во североисточните и централните делови на моменти ќе надминува брзина од 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36
степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен до силен ветер од северозападен правец кој повремено ќе достигнува брзин од 40 km/h. T=34°C. P=975hPa. U=25%. V=6m/s. UV index=8.

Утре времето ќе биде променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Потоа следува период на претежно стабилно и потопло време. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во недела кога ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни