Магазин

Почина музичката легенда Бони Тејлор

Почина музичката легенда Бони Тејлор

Легендарната британска пејачка Бони Тајлер почина на 75-годишна возраст, објави „Би Би Си“, повикувајќи се на официјално соопштение од нејзиното семејство и тим.

„Со огромна тага семејството и тимот на Бони соопштуваат дека таа неочекувано починала синоќа во болница во Португалија, како последица на заболувањето поради кое била на лекување“, се наведува во соопштението.

Нејзините блиски побараа почитување на нивната приватност во овој тежок момент, додавајќи дека дополнителни информации ќе бидат објавени подоцна.

Бони Тајлер останува една од најпрепознатливите пејачки во светската музика, позната по легендарните хитови како „Total Eclipse of the Heart“, „Holding Out for a Hero“ и „It’s a Heartache“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни