Македонија

Приведени 13 возачи за безобѕирно управување возило, 11 возеле без возачка дозвола

Приведени 13 возачи за безобѕирно управување возило, 11 возеле без возачка дозвола
Фото: 4news.mk

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи поради „безобѕирно управување возило“ кои управувале возило без возачка дозвола. Пет лица во Скопје и по едно лице во велешко, Прилеп, Гостивар, Радовиш, Делчево и Кочани. Под активна забрана за управување на моторно возило управувало едно лице во Штип, а со брзина поголема од дозволената возело едно лице во тетовско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни