Македонија

Среде ноќ украдени целосно два банкомати во „Веро Џамбо“ во Центар

Среде ноќ украдени целосно два банкомати во „Веро Џамбо“ во Центар

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска неколку лица насилно отвориле банкомат во трговскиот центар „Веро Џамбо“ на подрачјето на општина Центар и одзеле пари.

Според пријавата поднесена до СВР Скопје, настанот се случил на 10 јули 2026 година, околу 3:15 часот. По извршеното дело, сторителите го напуштиле местото на настанот.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за идентификување и пронаоѓање на лицата вклучени во кражбата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни