Необични снимки се појавија во Клуж, каде што возачите останаа изненадени откако видоа авион на патот. Станува збор за вонгабаритен транспорт кој превезувал дел од авион до Меѓународниот аеродром „Аврам Јанку“ и во ноќта меѓу понеделникот и вторникот пристигнал на кружниот тек кај Баиле Бајица во Герла.
Станувало збор за одобрена транспортна операција, која се одвивала со патна придружба, пишува „Клуж Капитала“. Транспортот тргнал од Националниот аеродром „Хенри Коанда“, а операцијата е планирана за периодот од 10 до 19 јули.
Според „Герла Инфо“, за да може безбедно да биде транспортиран, авионот имал демонтирани крила, со што можел да помине низ патиштата без целосно да го блокира сообраќајот. Поради големината на конвојот, транспортот се движел со намалена брзина, а минувањето низ Клуж-Напока предизвикало привремени ограничувања во сообраќајот на улицата „Трајан Вуја“.
Станува збор за авион за обука за безбедност на патници
Оштетениот и веќе неактивен авион ќе се користи за специјализирани обуки, преку симулација на итни ситуации и кризни сценарија, соопштија од Советот на округот Клуж.
Новиот авион, чија вредност се проценува на 460.000 леи, е од типот „narrow body“ (авион со тесен труп), со ширина на трупот од 3 до 5 метри и една патека за движење во кабината. Тој е погоден за симулација на домашни и кратки летови, какви што најчесто ги користат моделите „Боинг 737“ и „Ербас А320“ на аеродромот во Клуж, пишува „Штири де Клуж“.