Македонија

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во продавница во населбата Ѓорче Петров

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во продавница во населбата Ѓорче Петров
Фото: 4news.mk

Скопската полиција презема мерки за расчистување на случај во кој 20-годишна девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба на продавница во трговски центар во населбата Ѓорче Петров.

Според информациите од полицијата, настанот се случил на 16 јули околу 14:30 часот. Девојката во пријавата навела дека додека се пресоблекувала забележала маж кој се наоѓал на скала во близина на гардеробата и, според нејзините тврдења, ја набљудувал додека пробувала облека.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје неколку часа по настанот, по што биле преземени активности за утврдување на фактите и околностите.

Во рамки на полициската постапка, на службен разговор бил повикан 43-годишен скопјанец. Надлежните продолжуваат со собирање дополнителни информации и докази за целосно расчистување на случајот.

Од полицијата засега не откриваат повеќе детали, а постапката е во тек.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни