Breaking Над 1.000 повици на 112 по силното невреме во Скопје: Паднати кровови, дрвја и оштетени возила
Македонија

Владата бара итна истрага за загадувањето на водата во Гостивар; одговорноста е кај локалната власт

Владата бара итна истрага за загадувањето на водата во Гостивар; одговорноста е кај локалната власт

Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање ги преземаат сите законски активности за целосно расветлување на случајот со загрозеното здравје на граѓаните од Гостивар и гостиварскиот регион, порача министерот Муамет Хоџа.

Тој потенцираше дека кога е во прашање здравјето на граѓаните, не смее да има никаков компромис ниту прикривање на одговорноста, потсетувајќи дека снабдувањето со питка вода, одржувањето на водоводниот систем и санитарните зони се исклучива надлежност на општините и јавните комунални претпријатија.

„Секој носител на јавна функција, на централно и на локално ниво, мора да ги извршува своите надлежности законски и одговорно. Очекуваме брза, целосна и транспарентна истрага и одговорност за сите инволвирани“, изјави Хоџа, дополнувајќи дека проектот за филтер-станицата во Вруток бил завршен уште во 2014 година и предаден на стопанисување на ЈКП „Комуналец“ – Гостивар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни