Македонија

Филипче: Ризик во Гостивар постои од поголема катастрофа, труење со храна и хепатит

Филипче: Ризик во Гостивар постои од поголема катастрофа, труење со храна и хепатит

Доколку надлежните институции не преземат итни и сериозни мерки, постои ризик од поголема катастрофа во Гостивар, труење со храна и појава на заболувања како хепатит А, предупреди претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Гостивар.

Филипче посочи дека актуелната состојба бара итно постапување од здравствените власти и одговорност, бидејќи, станува збор за директна заштита на здравјето на граѓаните.

„Ако и сега се користи неисправна вода, се заканува уште поголема опасност, а тоа е труење со храна. Ако храната не се мие и не се третира соодветно, постои ризик од труење со храна, а потоа и од болести како хепатит А. Не смееме да дозволиме од една криза да влеземе во нова здравствена опасност“, предупреди Филипче.

Тој побара од надлежните институции веднаш да одговорат на прашањата поврзани со тоа каква вода се користи во објектите каде што се подготвува и послужува храна и кој врши контрола над таа вода.

„Каква вода се користи во рестораните? Со каква вода се мијат чиниите, приборот за јадење и садовите за подготовка на храна? Каква вода се користи во објектите каде што има масовни собири, како свадбите и другите прослави? Каде се обезбедува таа вода и кој гарантира дека е исправна?“, посочи Филипче.

Претседателот на СДСМ, потенцираше дека препораката за користење техничка вода отвора дополнителни дилеми кај граѓаните и угостителите, бидејќи мора јасно да се знае што значи тоа и дали таа вода е контролирана.

„Која е таа техничка вода? Од каде ја носат рестораните, од каде ја обезбедуваат граѓаните и кој ја проверил нејзината исправност? Ова се прашања од јавен интерес и граѓаните имаат право на јасни и навремени одговори“, нагласи претседателот на СДСМ.

Филипче додаде дека институциите мора да објаснат и зошто не се преземале навремени чекори за следење на состојбата и спречување на можните последици.

„Зошто Центарот за јавно здравје не ја испитувал водата секој ден? Зошто кога се случил наплив на пациенти во болницата не се направила детална епидемиолошка анализа за да се утврди од каде доаѓаат симптомите и што ги предизвикува? Зошто не се реагирало порано? Нашата посета на Гостивар не е за да го политизираме прашањето. Тука сме да им помогнеме на граѓаните, особено на оние на кои им е најпотребна поддршка. Но, истовремено сме тука да поставиме важни прашања за тоа што се случувало, кој ја носи одговорноста и како да се спречи понатамошно влошување на состојбата“, рече Филипче.

Лошо се менаџира кризата во Гостивар, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат, предупреди претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, при денешната посета во Гостивар. Филипче посочи дека во ваква сериозна состојба од Владата и од наделжните институции нема одговори на најважните прашања – кој сега ја менаџира кризата и како се гарантира безбедноста на граѓаните.

„Што се случувало во изминатиот период и чија е одговорноста за работите кои што се случувале и што сега се случува, односно како може да се спречи и дали се заканува уште поголема катастрофа од тоа што сега се случи во Гостивар. Имено, зошто не се испитувала водата секој ден. Кој сега ја менаџира состојбата, кога нема директор на јавното претпријатие? Следно, како сега функционираат рестораните, со каква вода се мијат чиниите и приборот за јадење? Каква вода се користи во рестораните во кои има масовни собири, а тоа се свадбите? Гледаме дека е забранета водата за користење, има некоја препорака да се користи техничка вода. Која е таа техничка вода? Од каде рестораните ја носат? Од каде граѓаните ја носат и ја користат? Кој ја проверил таа техничка вода?“, праша Филипче.

Тој предупреди дека ваквото неодговорно менаџирање на кризата може да предизвика нови здравствени ризици за граѓаните.

„Ако и сега се користи неисправна вода, се заканува уште по голема опасност, а тоа е труење со храна. Поради тоа што ако храната не се мие и не се третира соодветно, има труење со храна. Следно, болеста на нечисти раце, хепатит А. Ако сега повторно се користи неисправна храна, има ризикот од нова болест, нова епидемија. Тоа се прашања од јавен карактар, од јавен интерес “, рече Филипче.

Притоа, Филипче нагласи дека ваквата состојба е уште еден доказ за неспособноста на Владата на ВМРО да управува со кризни ситуации, оставајќи ги граѓаните сами да се снаоѓаат во моменти кога најмногу им е потребна функционална и одговорна држава.

„Оставени во ваква ситуација, кога овој систем го менаџира само малата група на луѓе околу Христијан Мицкоски, граѓаните се оставени на себе да се справуваат со последиците од тој страшен систем“, рече Филипче.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни