Македонија

Засилен сообраќај кон Грција – на Богородица се чека околу 15 минути

Засилен сообраќај кон Грција – на Богородица се чека околу 15 минути

Утринскиот сообраќај на државните патишта во Македонија се одвива без поголеми пречки, по претежно суви коловози, но со зголемен број возила на патните правци надвор од урбаните средини.

Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), најголема фреквенција е забележана на граничниот премин Богородица, каде за излез од државата се чека околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците каде постои можност од појава на одрони.

Зголемена претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде поради конфигурацијата на теренот низ котлини, речни долини и клисури е можна појава на одрони.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни