Револтирани земјоделци од струмичкото село Муртино се заканија со блокада на патниот правец Струмица – граничен премин Ново Село, доколку не се зголемат откупните цени на црвените пиперки. Тие сметаат дека понудените 25 денари за килограм откуп за конзервните фабрики се понижувачки и не ги покриваат ниту основните трошоци од тешката производна година.
Производителите истакнуваат дека цените се за 20% пониски од ланските и дека се соочуваат со егзистенцијални проблеми по неуспешната сезона на зелка, домати и краставици. Оттука, тие го повикаа министерот за земјоделство Борче Серафимовски на итна средба со откупуватите за постигнување реални цени, предупредувајќи дека во спротивно ќе го блокираат патот кон Бугарија.
Бербата на ајварките во регионот започнува, при што пиперките за извоз се плаќаат од 35 до 45 денари, додека останатите за домашна преработка се откупуваат по спорната цена од 25 денари.