Македонија

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот, туризмот бележи силен сообраќаен бум

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот, туризмот бележи силен сообраќаен бум

Македонските аеродроми бележат двоцифрен раст на бројот на патници и летови, со што станаа најбрзорастечки во целиот регион, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека ваквите резултати се плод на работата во изминатите 25 месеци и на консолидацијата на домашниот туристички и сообраќаен сектор.

Говорејќи по потпишувањето на договорите за финансирање на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, Мицкоски нагласи дека во првите седум месеци од годинава зголемувањето на сообраќајот не се мери во неколку проценти, туку бележи скок од 20 до 40 проценти.

„Податоците од аеродромскиот оператор, Министерството за транспорт и анализата на Светска банка потврдуваат дека нашите два аеродрома се лидери по раст во регионот. Тоа е одлична вест за граѓаните и доказ дека секторот покажа жилавост и отпорност на сите кризи. Резултатите стануваат сѐ повеќе видливи“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека развојот на туризмот останува меѓу клучните приоритети на Владата, што дополнително се потврдува со исполнетоста на туристичките капацитети ширум земјата во овој период од годината.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни