Голем сообраќаен застој утрово е регистриран на патниот правец Гостивар – Стража, по сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, учествувале четири возила.
Несреќата се случила по Гостивар, во правец кон Стража, во близина на првиот каменолом. Меѓу возилата кои учествувале во сообраќајката има и камион кој превезувал дрва.
Поради несреќата, сообраќајот на оваа делница е значително отежнат, а на патниот правец Гостивар – Маврово е формирана долга колона од возила кои во моментов стојат или се движат со значително намалена брзина.
Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица, ниту за причините за несреќата.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.