Македонија

Пронајден мртов директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

Пронајден мртов директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk

„Денеска околу 09.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на булевар Крсте Мисирков во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од полициската станица Бит Пазар излегле на местото на настанот и констатирано е дека лицето е Л. Х. (38) од Скопје, кое починало од здобиените повреди, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Известен е јавен обвинител и во тек е увид на местото на настанот“, велат од МВР.

Според наши информации станува збор за самоубиство.

Повеќе од 16 години тој беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик Алсат.

Местото го обезбедува полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција.

Тој беше искусен менаџер во медиумскиот сектор со експертиза во маркетинг, бизнис стратегии и телевизиска продукција. Покрај неговата менаџерска кариера, тој има работено и како преведувач на стручна литература.

Ова е најнова вест и истата е во развој…

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни