Дваесет и осумгодишен македонски државјанин, кој беше во бегство под сомнение дека тешко ранил купувач со нож за време на нарко-деловна средба во Велс, конечно е уапсен од австриската полиција.
Полицијата во Горна Австрија соопшти дека 48-годишниот маж бил лоциран и уапсен во средата претпладне на Железничката станица „Вестбахнхоф“ (Westbahnhof) во Виена, по што веднаш бил спроведен во затворот во Велс.
Инцидентот за кој се товари се случил на 29 април годинава во пансион во Велс, кога по вербална расправија при купопродажба на дрога, тој со нож му нанел тешки телесни повреди на купувачот.
Според полициските сознанија, осомничениот веднаш по нападот побегнал од Австрија и се засолнил во Македонија. Меѓутоа, штом во средата повторно се обидел да влезе и да престојува во Австрија, австриските безбедносни служби брзо го лоцирале и му ставиле лисици на рацете.