Свет

Кривична пријава за Прилепчанец: Чувал 10 заштитени птици во кафез во својот дом

Кривична пријава за Прилепчанец: Чувал 10 заштитени птици во кафез во својот дом

На 12.08.2026 во 13:35 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, со наредба од Основен суд Прилеп, поради сомнение за кривично дело „убивање или уништување на заштитени видови на дива флора и фауна” по член 232-а од Кривичен законик,  извршија претрес во домот на Н.Ј.(46) од Прилеп.

При претресот биле пронајдени и одземени 10 птици од видот Carduelis – Carduelis и кафез.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Инаку, во Македонија (како и во цела Европа) чешлинката е заштитен див вид. Нејзиното заловување од природата, чувањето во заточеништво, трговијата или убивањето се строго забранети и подлежат на кривична одговорност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни