Македонија

Функционерите со здравица за чиста вода во Гостивар по месец контаминација

Функционерите со здравица за чиста вода во Гостивар по месец контаминација

По еден месец од контаминацијата на гостиварскиот водовод, Главниот штаб за управување со кризи соопшти дека водата за пиење е безбедна. По најавата, присутни функционери пред камери наздравија со чаша вода за да демонстрираат дека снабдувањето е повторно безбедно, потег што предизвика бурни реакции во јавноста.

„На здравје нека е“, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и шеф на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, нагласувајќи дека по три последователни микробиолошки анализи без пронајдени бактерии, водата е прогласена за исправна за пиење.

Реакциите следат по вчерашниот настап на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој во пренос во живо испи вода од градскиот водовод тврдејќи дека наводите за бактерии се лажна вест. Денес, првите луѓе на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, заедно со медицински и општински претставници, пред камери испија чаша вода во Гостивар за да им покажат на граѓаните дека снабдувањето е безбедно по точно еден месец од скандалот со фекална контаминација и масовната епидемија на стомачен вирус.

„Каква брука, човече! Кој ви ги советува односите со јавноста? Ако некогаш се прашувате што не е во ред со нас како држава, погледнете ја оваа фотографија и видео снимка. Пред само еден месец, гостиварчани пиеја вода контаминирана со фекалии, а повеќе од две илјади граѓани завршија во болница. Денес, функционерите со камери и насмевки ја ‘промовираат’ водата и ги убедуваат граѓаните дека можат да ја пијат без грижа. А Ангелов, воодушевен, објаснува дека водата била ‘многу вкусна’ и дека дури ќе си наполнел една туба за Скопје. Од фекалии до ‘вкусна вода’ за еден месец — и сето тоа претворено во спектакл за односи со јавноста. Со ваков провинцијализам не се гради држава. Кога основната обврска на институциите — обезбедување чиста вода за пиење — се претставува како историски успех, проблемот е многу поголем од една загадена водоводна мрежа“, напиша Бленди Ходаи, директор на Форумот за образовни промени.

На социјалните мрежи дел од граѓаните изразија неверување дека политичарите се занимаваат со ваков вид политички маркетинг, а некои дури помислиле дека снимката е креирана со алатка за вештачка интелигенција. „Дваесет и прв век, две илјади двесте и шеста година, ние вода пиеме да покажеме дали е чиста“, „Циркус Медрано, па уште и на здравје си велат“ — беа дел од саркастичните коментари.

Ова не е преседан во домашната јавност. Во две илјади и шеснаесетта, откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат забрани капење на четири плажи на Дојранското Езеро, еден граѓанин пред телевизиска камера испи вода од езерото, порачајќи: „Дојдете за неколку дена да видите дека не ми е ништо.“

Слични гестови се забележани и во регионот и светот. На десетти октомври две илјади дваесет и петта, по укинувањето на повеќе од дваесет и едногодишната забрана за користење вода од градскиот водовод во Зрењанин, градоначалникот Симо Салапура испи чаша вода пред камери и изјави дека е „апсолутно безбедна“ и дека ги исполнува прописите. Сепак, дел од жителите останаа сомничави, а еден сограѓанин за весникот „Време“ рече дека не знае дали навистина пиел вода од чешма или флаширана вода.

Во септември две илјади и четиринаесетта, по обвинувања дека водата од чешма во Анкара е загадена и предизвикува здравствени проблеми, тогашниот градоначалник Мелих Ѓокчек испи чаша вода пред камерите, па дури ја спореди и со флаширана француска вода. Во две илјади и петнаесеттата, за време на кризата со загадената вода во Флинт, градоначалникот Дејн Волинг јавно пиеше вода од чешма и уверуваше дека е безбедна, а подоцна се покажа дека кризата со оловото е сериозна. Во деветнаесет илјади деведесет и шестата, за време на бактериска контаминација на водоводот во Вашингтон, градоначалникот Мерион Бери испи чаша вода на прес-конференција за да покаже дека снабдувањето е безбедно за повеќето граѓани. Во две илјади и дваесет и првата, тогашниот советник, а подоцна градоначалник на Боуи, Мериленд, Мајк Естив, испи кафеава вода од чешма на јавен состанок за да демонстрира дека промената на бојата не значи дека водата е опасна.

Според официјалните податоци, водата во Гостивар е прогласена за безбедна откако во три последователни примероци не се утврдени бактерии. Забраната за пиење беше воведена на седумнаесетти јули, откако институциите утврдија дека пумпи цели дваесет и два дена внелe фекално загадена вода во градскиот водовод. Повеќе од пет илјади граѓани беа заразени, на деветнаесетти јули беше прогласена епидемија, а на дваесет и први јули Владата воведе триесетдневна кризна состојба во градот. Од дваесет и седми јули, во Општина Гостивар водата беше дозволена само како техничка — за бањање и други домаќински потреби — сè до денешната одлука дека е безбедна за пиење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни