Македонија

Меѓународна полициска акција во Македонија, Косово и Грција: Запленети 300 килограми марихуана, уапсени повеќе лица

Меѓународна полициска акција во Македонија, Косово и Грција: Запленети 300 килограми марихуана, уапсени повеќе лица

Голема меѓународна полициска операција резултираше со сузбивање на организирана криминална група за прекугранична трговија со дрога. Во досегашниот тек од акцијата се уапсени неколку лица, а запленети се околу 300 килограми марихуана.

Операцијата се спроведува во блиска координација меѓу Министерството за внатрешни работи (Оддел за криминалистичка полиција) и полициските и обвинителските тимови од Косово и Грција.

Акцијата е резултат на долготрајна оперативна истрага во која биле следени активностите на криминалната мрежа за шверц на наркотици во трите држави.

Полициските дејствија и претреси продолжуваат во текот на денешниот ден во Македонија и Косово, со цел целосно расветлување на случајот и откривање на сите вмешани лица.

Од МВР информираат дека поради тоа што истрагата е во тек, засега не се откриваат детали за идентитетот на уапсените и начинот на кој функционирала групата. Повеќе информации се најавуваат по целосното завршување на операцијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни