Свет

Полски автобус се преврте на автопат во Унгарија – 12 загинати

Полски автобус се преврте на автопат во Унгарија – 12 загинати

Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се повредени откако полски автобус се преврте на автопатот М3 во источна Унгарија во текот на ноќта.

Несреќата се случила околу еден час по полноќ, кога туристичкиот автобус што патувал од Полска излетал од автопатот М3 и се превртел во канал, по излезот од североисточниот град Мезокерестес. Возилото имало полски регистарски таблички.

Во моментот на несреќата во автобусот имало 57 патници и двајца возачи. Унгарската полиција соопшти дека еден од возачите е приведен, бидејќи првичните наоди укажуваат дека можеби заспал за време на возењето.

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, утринава на социјалните мрежи ја потврди информацијата, изрази сочувство до семејствата на загинатите и им се заблагодари на спасувачките екипи. „Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се тешко повредени кога полски автобус падна во канал на автопатот М3. Моето искрено сочувство до семејствата на жртвите“, напиша Маѓар на Фејсбук.

Спасувачките служби интервенираа на местото на настанот, а полицијата спроведува увид за да ги утврди точните околности на несреќата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни