Македонија

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го заврши своето учество на маратонската трка во рамки на Европското првенство во Бирмингем, освојувајќи го 46-то место во силна конкуренција.

Ивановски ја премина целната линија со време од 2:22.39 часа, што беше за 13.28 минути помногу од постигнувањето на новиот европски шампион, Аманал Петрос од Германија.

Македонскиот маратонец започна стабилно и во почетната фаза од трката се движеше во средината на главната група. Сепак, периодичната криза меѓу 15-тиот и 20-тиот километар предизвика пад од околу 20 позиции. На контролната точка на полумаратонот (21 км), Ивановски забележа време од 1:09.28 час.

Во вториот дел од патеката, Ивановски успеа да воспостави такт, го врати сопствениот ритам и постепено подобри неколку позиции до самата завршница.

Трката се одвиваше во тешки услови, при што од вкупно 60 пријавени атлетичари, 52 успеаја да стигнат до целта, седуммина се откажаа, а еден натпреварувач не застана на стартната линија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни