Македонија

Ви стигнаа ли парите од „МојДДВ“? Еве до кога мора да ви бидат исплатени!

Ви стигнаа ли парите од „МојДДВ“? Еве до кога мора да ви бидат исплатени!

Исплатата на средствата од „МојДДВ“ за вториот пресметковен период веќе е започната, а граѓаните постепено ги добиваат средствата на своите трансакциски сметки.

Станува збор за поврат на дел од платениот данок на додадена вредност за фискалните сметки скенирани во текот на април, мај и јуни.

Граѓаните кои редовно ги скенирале фискалните сметки преку апликацијата „МојДДВ“ во овие три месеци можат да проверат дали повратот веќе им е исплатен.

Од Управата за јавни приходи и Министерството за финансии потсетуваат дека исплатата се врши согласно законски утврдените рокови. Крајниот рок за целосна исплата е 31 август.

Доколку средствата сè уште не се појавиле на трансакциската сметка, нема причина за загриженост, бидејќи исплатата се реализира постепено.

Корисниците кои ги исполнуваат условите согласно правилата на системот „МојДДВ“ можат да ја проверат својата трансакциска сметка и да видат дали повратот веќе е уплатен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни