Тригодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во лифт во станбена зграда на подрачјето на Радишани, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полицискиот билтен, синоќа во 20 часот во СВР Скопје, Е.З. (30) од Скопје пријавила дека инцидентот се случил на 22 август, околу 18:15 часот.
Како што било пријавено, додека жената и нејзините деца се наоѓале во лифтот, вратата ненадејно се отворила и повторно се затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена.
Девојчето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.