Македонија

За една година 300 паралелки помалку: 14.500 првачиња ќе седнат во училишните клупи

За една година 300 паралелки помалку: 14.500 првачиња ќе седнат во училишните клупи

Една недела пред почетокот на новата учебна година, министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека во учебната 2026/2027 година ќе има 200 паралелки помалку во основното и 100 помалку во средното образование.

Според Јаневска, годинава се запишани околу 14.500 првачиња, што е за најмалку 3.000 помалку во однос на претходните години. Поради намалениот број ученици и оптимизацијата на училишната мрежа, се очекува природно да бидат затворени 26 рурални училишта во кои нема запишано првачиња.

Министерката соопшти и дека учебниците за новата учебна година се навреме дистрибуирани и веќе се наоѓаат во училиштата.

„Учениците ќе имаат учебници, тие се дистрибуирани и се наоѓаат во училиштата. Првпат годинава тоа го имаме завршено многу порано пред почетокот на учебната година“, изјави Јаневска.

Намалувањето на бројот на ученици, според министерката, се одразува и врз високото образование, со оглед дека помалку ученици во основните и средните училишта значат и помал број идни студенти. Таа посочи дека интересот и потребите не се еднакви кај сите студиски програми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни