Балкан

Потврдено жариште на антракс во Бугарија: Сопствениците на фармата нападнале новинарска екипа

Потврдено жариште на антракс во Бугарија: Сопствениците на фармата нападнале новинарска екипа

Во селото Стефаново, округ Ловеч во Бугарија, официјално е потврдена примарна епидемија на антракс на сточарска фарма со 205 говеда. Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) и Регионалниот здравствен инспекторат (РЗИ) спроведуваат вонредни мерки за спречување на ширењето на опасната зараза, а случајот ескалираше и со физички инцидент врз медиумски екипи.

Заразата откриена по колење на болно животно

Истрагата започна на 24 август, откако сопружници — сопственици на две регистрирани фарми (за говеда и овци) во селото Стефаново — биле хоспитализирани со сомнеж за антракс. Утврдено е дека фармерот забележал симптоми кај едно од животните, по што сам започнал да го коли и да го сече. Месото било ставено во замрзнувач, од каде сомнежот беше и лабораториски потврден на 26 август.

По потврдата на вирусот, ветеринарните власти веднаш презедоа заштитни чекори:

  • Карантин и дезинфекција: Фармата е ставена под строг карантин, а извршена е дезинфекција на објектите, местото на колење и пасиштата.
  • Забрана за месото: Замрзнатото месо е целосно блокирано за употреба.
  • Вакцинација и забрана за движење: Наредена е задолжителна вакцинација на подложните животни и забрана за нивно изнесување на пасишта и водопои.
  • Прегледи на добитокот: При прегледот и мерењето температура кај останатите говеда и овци засега не се откриени отстапувања и тие се во добра општа состојба.

Скандал на терен: Сопствениците со автомобил и трактор нападнале новинари

Состојбата во Ловешко дополнително ескалираше откако екипа на телевизијата NOVA била нападната од сопствениците на заразената краварска фарма додека снимала во заштитната зона.

Синот на сопственикот двапати се обидел да ги прегази новинарите — прво со патничко возило, а потоа и со трактор. По полициската интервенција, напаѓачот бил веднаш приведен. Според локалното население, ова семејство и претходно било познато по агресивно однесување и непочитување на законите.

Инаку, антраксот е акутна заразна болест што ги погодува луѓето и животните (тревојади и сештојади), а најподложни на оваа бактерија се козите, овците, елените и говедата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни