Полицијата приведе 45-годишен скопјанец, кој се сомничи дека извршил две тешки кражби на пригушници од железничка пруга во Скопје.
Како што информираат од СВР Скопје, З.С. бил лишен од слобода на 3 септември, по претходно пријавени кражби. Едната кражба била регистрирана на подрачјето на Полициската станица Аеродром, а другата на подрачјето на ПС Драчево.
По пријавите, полициските службеници презеле мерки за расчистување на случаите, по што осомничениот бил приведен во Полициската станица Аеродром.
Во рамки на постапувањето биле пронајдени и украдените пригушници, кои биле вратени на сопственикот – „Железници на РСМ“.
Од полицијата велат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, до надлежните органи ќе биде поднесена соодветна пријава.