На ден 04.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, 3 се под контрола и 12 се изгаснати.
Активни пожари – 8:
Општина Ѓорче Петров: с. Грачани – пожарот моментално е активен на територијата на Република Косово (шума);
Општина Струга: помеѓу селата Буринец, Локов и Селци (нискостеблеста шума);
Општина Македонски Брод: с. Белица, место викано Кајорец (борова шума);
Општина Кратово: Кратово (депонија);
Општина Босилово: помеѓу селата Моноспитово и Бориево (депонија);
Општина Велес: с. Кочилари – пожарот се префрлил на територијата на Општина Свети Николе, во с. Бекирлија (ниска вегетација и борова шума);
Општина Маврово и Ростуше: планина Бистра, месност Кириловец (пасиште и ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Горна Арнакија (нискостеблеста шума).
Пожари под контрола – 3:
Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Општина Чучер-Сандево: с. Брест, месност Рамно на Скопска Црна Гора (мешана шума);
Општина Делчево: градска депонија Делчево (депонија).
Изгаснати пожари – 12:
Општина Виница: на влезот во Виница (ниска вегетација);
Општина Струга: с. Октиси (стрниште и нискостеблеста шума);
Општина Куманово: населба Карпош (ниска вегетација);
Општина Радовиш: с. Дамјан (ниска вегетација и грмушки);
Општина Радовиш: с. Подареш (ниска вегетација);
Општина Гостивар: с. Чајле (ниска вегетација);
Општина Теарце: с. Глоѓе (ниска вегетација);
Општина Теарце: с. Нераште (ниска вегетација);
Општина Новаци: с. Тепавци (ниска вегетација и нискостеблести растенија);
Општина Битола: ул. „16-та“ (ѓубре);
Општина Сарај: помеѓу селата Копаница и Бојане (ѓубре);
Општина Гази Баба: ул. 516, во Стара Комуна (ѓубре).