Граѓаните на Скопје во среда, 9 септември, треба да очекуваат нова акција за заштита од комарци. Од Градот Скопје информираат дека ќе се спроведе терестрична дезинсекција насочена против ларвите од комарци.
Дезинсекцијата ќе се врши на водни површини на подрачјето на градот, со цел да се намали бројот на комарци и нивното понатамошно размножување.
Од Градот Скопје посочуваат дека доколку временските услови не дозволат акцијата да се реализира во предвидениот термин, прскањето ќе биде извршено во првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни, во истите термини.
Воедно, од Градот упатуваат известување до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите за време на спроведувањето на дезинсекцијата.