Македонија

Утре е неработен ден, а еве кога следува следниот продолжен викенд

Утре е неработен ден, а еве кога следува следниот продолжен викенд

Работната недела за граѓаните носи уште еден празничен прекин, а до крајот на годината следуваат уште неколку неработни денови. Утре, 8 септември, се одбележува Денот на независноста на Република Македонија, кој е прогласен за неработен ден.

Празникот годинава се одбележува во вторник, што значи слободен ден во текот на работната недела за вработените.

Следниот неработен ден е 12 октомври, понеделник, кога се одбележува Денот на народното востание. Бидејќи 11 Октомври годинава се паѓа во недела, неработниот ден се префрла на првиот нареден работен ден, па граѓаните ќе имаат продолжен викенд.

Само десетина дена подоцна, на 23 октомври, петок, следува Денот на македонската револуционерна борба. И овој празник паѓа во петок, што повторно отвора можност за продолжен викенд.

Во декември следува уште еден неработен ден – 8 декември, вторник, кога се одбележува „Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од католичка вероисповед, календарот на неработни денови до крајот на годината ги опфаќа и 1 ноември, недела – Празникот на сите светци, како и 25 декември, петок – Божиќ, првиот ден.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни