Македонија

УХМР со најава: Локално невреме со пороен дожд, силен ветер и град

УХМР со најава: Локално невреме со пороен дожд, силен ветер и град

Стабилното и топло време во текот на претпладневните часови ќе биде проследено со зголемена нестабилност во попладневниот период. УХМР најавува услови за локално невреме во среда и четврток, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според прогнозата, во утринските и претпладневните часови времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне, пак, на места ќе се развива нестабилна облачност, која може да донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија присутна во атмосферата, од УХМР предупредуваат дека локално временските процеси може да прераснат во невреме. Во такви услови се очекува појава на интензивен пороен дожд, силен ветер, а можна е и појава на град.

Нестабилното време нема да биде ограничено само на среда и четврток. Според најавата, до крајот на седмицата на места ќе продолжат условите за локална нестабилност, со повремени врнежи, грмежи и засилен ветер.

И во Скопје претпладне се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Сепак, во делови од Скопската Котлина постои можност за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од УХМР советуваат граѓаните да бидат внимателни во периодите кога ќе се развиваат нестабилните временски процеси, особено поради можноста локално невремето да биде проследено со силен ветер и град.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни