Македонија

35 години од историскиот чин: Вака изгледа Декларацијата за сувереност низ страниците на тогашните весници

35 години од историскиот чин: Вака изгледа Декларацијата за сувереност низ страниците на тогашните весници
ФОТО: 4ТВ

Македонија денес слави 35 години самостојна и независна држава, но и по три и пол децении по референдумот за независност, дел од најважните моменти од тие историски денови сè уште можат да се прочитаат онака како што биле забележани во моментот – на страниците на старите весници.

Редакцијата на 4NEWS ја посети Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје каде се чуваат примероци од периодиката од 1991 година, преку кои може да се следи патот од декларацијата за сувереност, повикот за референдум, гласањето, па сè до прославата и објавувањето на резултатите.

ФОТО: 4ТВ – Директорка на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Анета Механџиска

Директорката Анета Механџиска вели дека овие весници денес не се само новинарски извештаи, туку автентични сведоштва за времето.

Тие ја доловуваат атмосферата во која живееле граѓаните – неизвесноста, исчекувањето, надежта, но и радоста по историскиот исход.

ФОТО: 4ТВ – Декларација за самостојна Македонија

„Не чуваме само хартија, чуваме сведоштва за тоа кои сме биле“, е пораката од библиотеката.

Денес, старите весници се своевидна временска капсула – начин да се види не само што се случило, туку и како луѓето го доживеале тоа додека историјата се создаваше.

По повод големиот јубилеј – 35 години од македонската независност, 4TV подготвува специјално празнично издание. Гледајте го отвореното студио денеска, со почеток во 19:00 часот во живо.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни