Во деновите пред 8 септември 1991 година, низ весниците се ширеле повици до граѓаните масовно да излезат на референдум.
Во зачуваните примероци во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ може да се види како изгледала кампањата за историското изјаснување.
Објавени биле прогласи, повици и самото референдумско прашање, а во општините низ државата се организирале трибини и собири на кои граѓаните се запознавале со значењето на референдумот.

Интересен детал е и големиот формат на тогашните весници – значително поголем од денешните изданија.
Од денешна перспектива, старите страници покажуваат колку интензивно се подготвувала државата за 8 септември.
Историскиот датум не се појавил одеднаш. Неговото доаѓање било најавувано денови и недели однапред – на улиците, на собирите, но и на страниците на весниците.
По повод големиот јубилеј – 35 години од македонската независност, 4TV подготвува специјално празнично издание. Гледајте го отвореното студио денеска, со почеток во 19:00 часот во живо.