Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен до Владата, а како мотив за оваа одлука се наведени лични причини.

Информацијата ја потврдија и од Владата, посочувајќи дека оставката на Утковски наскоро ќе се најде пред министрите.

„Директорот на КПУ Затвор ‘Скопје-Скопје’ во Шутка, Бобан Утковски, има поднесено оставка до Владата, која ќе биде предмет на разгледување на една од наредните седници. Во оставката е наведено дека причина за поднесувањето се лични причини“, соопштија од Владата.

Засега нема официјална потврда кој ќе дојде на неговото место. Од Владата најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана штом се донесе одлука за именување нов прв човек на затворот во Шутка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни