Свет

Европската вселенска ракета стана хит, и „Амазон“ ја нарача

Европската вселенска ракета стана хит, и „Амазон“ ја нарача

Европската ракета-носач „Аријане 6“ (Ariane 6) обезбеди десет лансирања по одложувањата на првичниот оперативен распоред, пренесува новинската агенција dpa.

На Саемот за авијација во Париз, одржан во средата, француската компанија „Аријанеспејс“ (Arianespace) објави договори за десет идни лансирања на „Аријане 64“ – најмоќната верзија на оваа ракета-носач за тешки товари, способна да понесе товар од нешто помалку од 22 тони во вселената.

Американската компанија „Амазон“ (Amazon) резервирала шест од овие лансирања, известува dpa. Извршниот директор на „Аријанеспејс“, Давид Кавајол, изјави дека ова претставува најголем број нарачки досега.

За „Аријане 6“, развиена по нарачка на Европската вселенска агенција (ESA), првично беше планирано првиот лет да се случи во 2020 година, но тој беше одложен за 2024 година.

Ракетата го изврши својот прв комерцијален лет во 2025 година, а досега во текот на оваа година се реализирани четири лансирања.

Ракетите ги произведува матичната компанија „АријанеГруп“ (ArianeGroup), заедничко вложување на француските компании „Ербас“ (Airbus) и „Сафран“ (Safran).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни