Голем пожар избувна рано утрово во скопската општина Шуто Оризари, при што, според првичните информации, изгореле неколку дуќани.
На местото интервенираат пожарникарски екипи, а огнот зафатил поголем дел од објектите. Според првичните информации, нема повредени лица.
Причините за избувнувањето на пожарот засега официјално не се познати.
Неофицијално, според информациите до кои дојдовме, постојат сомневања дека пожарот бил подметнат, но оваа информација сè уште не е потврдена од надлежните институции.
Се очекуваат повеќе детали од Министерството за внатрешни работи и противпожарните служби по завршувањето на интервенцијата и увидот.