Балкан

Провокација од бугарски пратеник: Костадинов со иницијатива македонскиот јазик да се смета за дијалект

Провокација од бугарски пратеник: Костадинов со иницијатива македонскиот јазик да се смета за дијалект

Пратеникот и лидер на бугарската партија „Преродба“, Костадин Костадинов, денеска во бугарското Народно собрание поднесе иницијатива со која, според неговиот предлог, македонскиот јазик би се сметал за дијалект на бугарскиот јазик.

Ова не е првпат Костадинов од парламентарната говорница да ги застапува ваквите ставови. Во претходни настапи тој отворено тврдел дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и дека македонските говори припаѓаат на бугарското јазично подрачје.

„Преродба“ е бугарска националистичка и евроскептична партија. Таа има пратенички мандати, но не е дел од извршната власт и дејствува како опозиција. Партијата остро се противи на евроатлантската политика на Софија, на воведувањето на еврото и на воената поддршка за Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни