Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

Од ОЈО Скопје соопштија дека претресите се спроведуваат врз основа на наредби издадени од судија на претходна постапка, обезбедени по барање на јавен обвинител од скопското обвинителство.

Се претресуваат лица, домови, како и службени простории во Министерството за внатрешни работи.

Покрај претресите, се преземаат и други дејствија со цел обезбедување докази во рамки на постапката.

Акцијата се спроведува поради сомненија за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“ од член 378 од Кривичниот законик.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни