Македонија

Дизелот поевтинува за два денари со намалениот ДДВ, бензините од полноќ над 100 денари

Дизелот поевтинува за два денари со намалениот ДДВ, бензините од полноќ над 100 денари

Бензините од полноќ поскапуваат за 3,5 денари по литар, додека малопродажната цена на дизелот се намалува за 2 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад.

Со најновата корекција, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 100,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 102,50 денари, а Еуродизел БС се намалува на 99,00 денари за литар.

Регулаторот соопшти дека овие измени значат просечно зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од 2,86 отсто во однос на цените утврдени на 7 септември. Во пресметката е вклучена и одлуката на Владата од 13 септември за примена на повластена даночна стапка, со која данокот на додадена вредност за горивото Еуродизел е намален на 10 отсто.

Ценовните промени стапуваат на сила со денот на донесувањето, а ќе почнат да се применуваат од 00:01 часот на 15 септември.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни