Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) извести за поинтензивна нестабилност на времето во повеќе региони во земјава, со фокус на Скопскиот и Охридскиот Регион.
Според најновите информации од УХМР, југоисточно од Катланово е регистрирано невреме проследено со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град.
Истовремено, од југозапад кон Скопската Котлина се приближува нестабилна облачна маса која веќе носи умерени врнежи од дожд и засилен ветер.
Промена на времето и зголемена облачност со слаби врнежи од дожд се забележани и во Охридскиот регион. Граѓаните се советуваат на претпазливост, особено во сообраќајот и на отворен простор.