Македонија

Наместо во пензија – на функцијата главен државен ревизор до крај на мандатот

Наместо во пензија – на функцијата главен државен ревизор до крај на мандатот

Со потпис на четворица пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет поминаа 13 амандмани на предложениот закон за државна ревизија.

Меѓу останатите промени, пратениците од владејчката партија на главниот државен ревизор да не му престане мандатот со исполнувањето услови за пензија, туку додека не му истече деветгодишниот мандат.

Пратеникот Мартин Стојановски од ВМРО-ДПНЕ го прочита амандманот и кратко објасни дека е од технички карактер. Заменик-министерот за финансии, го прифати амандманот.

И во постојниот Закон за државната ревизија и во предложениот нов закон за државната ревизија од август оваа година, пишува дека мандатот на главниот државен ревизор престанува со исполнување на условите за пензија.

Ако оваа измена помине и на пленарна седница, тоа ќе значи дека на актуелниот државен ревизор, Максим Ацевски, наместо мандатот да му заврши во февруари 2028 година кога ќе исполни услови за пезија, ќе биде уште девет месеци на функцијата до декември 2028 година.

Седницата за измените на предложениот закон за државната ревизија траеше нецели 20 минути и помина речиси без дискусија од пратениците.

На седницата беа усвоени и други законски измени, како на пример дека ДЗР треба да изработува збирен извештај за ревизии во правни субјекти од иста дејност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни