Променливо облачно со сончеви преиоди. Во западните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина до 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 25 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен, ветер од северен правец. T=22°C. P=982hPa. U=25%. V=6m/s. UV index=5.
Утре и во четврток ќе преовладува стабилно време со свежи утра. Во петок се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.