За целосно функционирање на новото законско решение за висока раководна служба потребно е усогласување на вкупно 60 други закони, информираше министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.
Минчев појасни дека најголемиот дел од оваа обврска е веќе завршен во Собранието преку пратеничка група. Педесет закони се веќе усогласени, додека за преостанатите десет, за кои е потребно Бадентерово мнозинство, постапката ќе заврши на претстојните собраниски седници закажани за 1 и 7 октомври.
Со тоа, според министерот, целиот процес ќе биде заокружен навреме, овозможувајќи непречена примена на новиот систем за избор на раководни кадри во јавниот сектор.