Работа: Имате силна потреба да ги завршите сите започнати обврски. Избегнувајте расправии со колегите само затоа што работат побавно од вас – денес крајниот резултат е поважен од докажувањето.
Љубов: Партнерот бара повеќе внимание и помалку разговор за практични работи. Слободните можат да добијат неочекувана порака.
Здравје: Внимавајте на премореност, направете си план уште од утринските часови.
Бик
Работа: Можна е мала промена во плановите пред крајот на работната недела. Прифатете ја без нервоза, бидејќи може да произлезе нешто многу корисно.
Љубов: Време е за едноставност во односите. Не барајте скриено значење таму каде што го нема.
Здравје: Внимавајте на исхраната и избегнувајте непотребни трошоци за да го зачувате внатрешниот мир.
Близнаци
Работа: Денес ќе бидете исклучително комуникативни и полни со идеи. Еден разговор може да ви даде информација што ќе го промени вашиот поглед на работата.
Љубов: Кажете го тоа што го мислите искрено, без игри меѓу редови. Слободните ќе започнат интересна комуникација.
Здравје: Избегнувајте да работите повеќе работи одеднаш за да не се исцрпите.
Рак
Работа: Потребен ви е мирен завршеток на работната недела. Не преземајте туѓи проблеми и обврски.
Љубов: Можен е емотивен, но многу корисен разговор со саканата личност. Борeте се против промените во расположението.
Здравје: Посветете се на одмор во вечерните часови.
Лав
Работа: Петок ви носи поголема самоувереност. Доколку имате идеја, претставете ја јасно и концизно. Не очекувајте огромни пресврти, подобро е да го средите работниот простор.
Љубов: Партнерот позитивно ќе реагира на спонтан предлог за заедничко време.
Здравје: Добро се чувствувате, но не претерувајте со трошење енергија.
Девица
Работа: Ја завршувате неделата со чувство дека конечно сте вовеле ред. Не трошете премногу време на ситни детали што нема да го променат крајниот резултат.
Љубов: Помалку анализирајте го секој кажан збор. Набљудувајте ги постапките на партнерот.
Здравје: Избегнувајте прекумерно размислување и стрес.
Вага
Работа: Ден за зајакнување на професионалниот авторитет. Не двоумете се да ги кажете своите идеи на работните состаноци.
Љубов: Не го одложувајте разговорот што постојано се враќа како тема во врската. Слободните може да добијат интересен покана за дружба.
Здравје: Вечерта е идеална за релаксација и враќање на рамнотежата.
Скорпија
Работа: Забележувате работи што другите ги пропуштаат. Одличен ден за коригирање на некоја претходна грешка.
Љубов: Искреноста ќе ви донесе многу подобри резултати од тестирањето на партнерот со молчење.
Здравје: Зачувајте ја присебноста и избегнувајте стресни ситуации.
Стрелец
Работа: Оптимизмот ви се враќа. Луѓето околу вас ќе бидат љубезни, па затоа одржувајте ги добрите односи и избегнувајте конфликти.
Љубов: Спонтанoста е вашиот најголем адут. Слободните Стрелци можат да запознаат некој преку пријатели или излегување.
Здравје: Време е да се опуштите од напорните обврски.
Јарец
Работа: Сакате да ги затворите сите обврски пред викендот. Не преземајте нови задачи кои можат да почекаат.
Љубов: Покажете ги емоциите преку присутност и внимание, а не само преку одговорност.
Здравје: Не заборавајте на одморот – прошетајте во природа.
Водолија
Работа: Ви доаѓаат иновативни идеи да направите нешто поинаку. Сепак, проверете дали новиот пристап го решава вистинскиот проблем пред да дејствувате.
Љубов: Поволен ден за помирување или подобрување на комуникацијата со саканата личност.
Здравје: Поминете ја вечерта опуштено и без строги планови.
Риби
Работа: Доколку сакате да бидете продуктивни, започнете со дејствување уште од утрото. Завршете конкретна задача пред да преминете на нови.
Љубов: Не претпоставувајте што чувствува другата личност – едноставно прашајте. Слободните ги очекува пријатен и нежен сусрет.
Здравје: Внимавајте на каква енергија се изложувате.