Балкан

Црна Гора воведува визи за граѓаните на Русија, Белорусија и Турција

Црна Гора воведува визи за граѓаните на Русија, Белорусија и Турција

Промена на условите за влез во Црна Гора ќе стапи на сила од 1 ноември 2026 година, кога за државјаните на Русија, Белорусија и Турција ќе биде потребна виза за влез, транзит и престој во земјата.

Одлуката е дел од процесот на усогласување на визната политика на Црна Гора со законодавството и практиките на Европската Унија, во рамки на обврските поврзани со процесот на пристапување кон ЕУ.

Црногорската Влада на 23 јули ја усвои измената на Уредбата за визниот режим, со која се предвидува укинување на досегашниот безвизен режим за граѓаните на трите земји и воведување визна обврска од 1 ноември.

Со оглед на тоа што безвизниот режим со Русија, Белорусија и Турција е регулиран и со меѓународни договори, црногорските власти ќе започнат постапки за престанок на нивната важност.

Сепак, за Турција е предвидена можност за задржување на безвизниот режим за одредени категории патни исправи. Црна Гора ќе започне постапка за склучување нов билатерален договор со кој би се регулирал визниот режим за лицата кои поседуваат дипломатски, службени и специјални пасоши.

Според црногорската Влада, на овој начин би се обезбедил континуитет на безвизниот режим за овие категории патни исправи, во согласност со правилата на Европската Унија во областа на визното законодавство.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни