Најмалку три лица се повредени откако зграда се урнала по силна експлозија во близина на Акрополот во центарот на Атина, соопштија надлежните.
Експлозијата во петокот наутро уништи стара двокатна зграда и оштети други објекти во подножјето на ридот Акропол, најпосетуваниот антички споменик во Грција, во туристичкиот кварт Плака.
Од градската противпожарна служба соопштија дека две жени биле пренесени во болница откако биле извлечени од соседна зграда.
Во експлозијата бил повреден и случаен минувач. Несреќата се случила околу 7:30 часот по локално време, објави грчкиот весник „Катимерини“.
Според информациите на медиумот, на местото биле испратени 24 пожарникари. Експлозијата ја урнала фасадата на објектот, скршила прозорци и оштетила автомобили во близина.
Полицијата го обезбедила и затворила подрачјето, додека спасувачките екипи со помош на куче трагач го пребарувале урнатиот дел од објектот во потрага по евентуално заробени лица.
Жители изјавиле дека во еден од становите на објектот живееле две лица, додека според информациите на локалните медиуми, во друг стан можеби престојувале и тројца туристи преку краткорочен наем.
Building explosion and collapse in Athens Greece today pic.twitter.com/Kb0Kp8032W
— I, Christian (@i_christian__) September 25, 2026