Свет

Шпанските власти разбија балканска криминална група: Во луксузна вила откриена звучно изолирана соба за мачење

Шпанските власти разбија балканска криминална група: Во луксузна вила откриена звучно изолирана соба за мачење

Шпанската полиција во местото Естепона уапси седуммина српски државјани под сомнение за киднапирање, изнуда и мачење луѓе. При упадот во куќата, полициските службеници затекнале шокантни сцени од соодветно опремена просторија наменета за физичка тортура на жртвите.

Објавените снимки од внатрешноста на вилата откриваат соба целосно обложена со пластична фолија. Во центарот на просторијата се наоѓала столица, а до неа чекан, за кој се претпоставува дека бил користен за претепување. На подот биле пронајдени пиштол и пластични стеги со кои биле врзувани киднапираните. При претресот, полицијата запленила и две автоматски пушки АК-47, уште еден пиштол и три шаржери со муниција, кои се испратени на балистичко вештачење.

Упадот и апсењето на српската криминална група

За време на акцијата, полицајците затекнале двајца мажи — соголени, крвави и врзани во подготвената соба за мачење. Меѓу уапсените се Филип Ј. (25), Марко Н. (31), Зоран Н. (35), Иван М. (24), Секулиќ М. (27), Лео Ј. (29) и Алекс К. (24). Ниту еден од нив немал пријавено официјално престојувалиште во Шпанија. Во објектот бил изолиран и биолошки материјал кој веќе овозможил идентификација на дополнителни членови на оваа мрежа.

Според извори од истрагата, групата се занимавала со трговија со кокаин и хашиш, како и со насилни изнуди низ повеќе региони во Шпанија. Дел од уапсените веќе поседуваат дебели полициски досиеја за разбојништва и шверц со дрога.

Внатрешна пресметка и мотив

Истражителите веруваат дека затекнатите жртви — 45-годишниот Мигел Анхел од Кадиз и 31-годишниот Хамза од Сеута — исто така се членови на истата криминална организација и имаат претходни казнени досиеја.

„Сè укажува на тоа дека мачењето било дел од внатрешна пресметка, бидејќи жртвите не успеале да ја извршат задачата што им била доверена од бандата“, открива извор близок до истрагата. Еден од киднапираните мажи подоцна исто така бил лишен од слобода.

Драматична спасувачка акција по повик од партнерката

Собата за мачење била откриена благодарение на пријава од партнерката на еден од киднапираните. Таа му соопштила на полицијата дека тој заминал на „сомнителен“ состанок и и заредил да повика полиција доколку не и се јави во рок од десет минути.

Кога полициските екипи пристигнале пред вилата, ги пречекале драматични сцени:

  • Набргу по ѕвонењето на влезната врата, од куќата истрчал гол маж со крваво лице, викајќи: „Ме киднапираа и ќе ме убијат!“.
  • Maskираните членови на групата веднаш се дале во бегство; еден од нив со огнено оружје во рацете, додека друг во соседниот двор фрлил торба со автоматски пушки АК-47.
  • Во потерата што следувала на теренот, повредени се три полициски службеници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни