Унгарскиот парламент на специјална седница денеска му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар. За укинувањето гласаа 139 пратеници, без гласови против или воздржани. Сам Маѓар претходно побара од пратениците да му го укинат имунитетот, наведувајќи дека ја презема одговорноста за своите постапки.
Барањето до Парламентот во вторник го поднесе Обвинителството, откако ја возобнови истрагата против премиерот. Предметот се однесува на инцидент од јуни 2024 година, кога, според сомнежите, Маѓар му одзел телефон на маж што го снимал во ноќен клуб во Будимпешта и намерно го фрлил во Дунав. Обвинителството наведува дека дејствието може да се квалификува како кражба.
Во видео-обраќање објавено на социјалната мрежа Фејсбук, премиерот побара парламентот итно да го укине неговиот имунитет. Маѓар е и пратеник и, согласно тоа, има пратенички имунитет. Тој изјави дека ќе соработува со истражните органи и дека нема причина за загриженост.
Според него, настанот со телефонот бил испровоциран и режиран од поранешната унгарска влада.