Вечерното патување по автопатот Гевгелија-Велес синоќа завршило трагично за 56-годишна скопјанка, која била пронајдена почината во автомобил покрај патот.
Случајот во полицијата бил пријавен во 19:40 часот. Во патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, била пронајдена М.Д. од Скопје, без знаци на живот.
На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, но лекарот можел само да констатира смрт. Според првичните информации, на телото немало видливи траги на насилство.
Увид на местото извршила екипа на СВР – Велес, а за случајот бил известен и јавен обвинител.
По негова наредба, телото на починатата било предадено на обдукција, која треба да ја утврди точната причина за смртта.