Македонија

43-годишен битолчанец пронајден починат во автосервис

43-годишен битолчанец пронајден починат во автосервис

43-годишен битолчанец бил пронајден починат во автосервис на улицата „Македонска Фаланга“ во Битола.

Случајот бил пријавен во полицијата, по што полициски службеници од СВР Битола извршиле увид на местото на настанот.

Смртта на Ф.Е. од Битола ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Според првичните информации, на телото немало видливи траги на насилство.

Јавен обвинител наредил да се изврши обдукција врз починатиот, со цел да се утврдат причините за смртта.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни