Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 28 септември во 12:40 часот во Полициската станица Струмица.
На делницата помеѓу селата Василево и Владевци, товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С. (48) од Сушево, излетало од патот.
Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Струмица.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.