Живот

Хороскоп за 30 септември 2026

Хороскоп за 30 септември 2026

Овен (21 март – 19 април)

  • Работа: Имате желба да ги затворите сите обврски пред крајот на месецот. Внимавајте на импулсивните реакции кон колегите – трпението е клучот.
  • Љубов: Слободните може да привлечат личност со слични амбиции. Доколку сте во врска, вклучете го партнерот во секојдневните одлуки.
  • Здравје: Водете сметка за сонот и одморот.

Бик (20 април – 20 мај)

  • Работа: Месечината во вашиот знак ви носи стабилност, јасност и практичен пристап во работата. Одличен ден за потпишување договори или затворање финансиски конструкции.
  • Љубов: Време е да преземете иницијатива. Едноставните домашни моменти со партнерот ќе донесат топлина и хармонија.
  • Здравје: Внимавајте на исхраната и истегнете ги мускулите.

Близнаци (21 мај – 20 јуни)

  • Работа: Се соочувате со ситни пречки или натрупани обврски, но вашата прилагодливост брзо ќе ве извлече.
  • Љубов: Рaseани сте, па партнерот може погрешно да го протолкува вашето однесување. Разговарајте искрено.
  • Здравје: Намалете го престојот пред екрани, потребно ви е ментално релаксирање.

Рак (21 јуни – 22 јули)

  • Работа: Поволен ден за преговори за дополнителна заработка или деловни состаноци. Се одвива сè според планираното.
  • Љубов: Атмосферата во љубовта се стабилизира. Партнерот се опушта покрај вас, а слободните остваруваат топол емотивен контакт.
  • Здравје: Можно е благо нервно оптоварување, одвојте време за релаксација вечерва.

Лав (23 јули – 22 август)

  • Работа: Одлични аспекти за финансиски добиток или пофалби за постигнатите резултати. Вашата енергија ги мотивира колегите.
  • Љубов: Можно е да Ве мачат мисли за минатото, што може да создаде дистанца со саканата личност. Фокусирајте се на сегашноста.
  • Здравје: Чувствителност во зглобовите или грбот.

Девица (23 август – 22 септември)

  • Работа: Вашата аналитичност и прецизност се на висина на задачата. Се отвораат можности за напредување.
  • Љубов: Опуштете се и оставете работите да течат спонтано – претераната контрола ја гуши романтиката.
  • Здравје: Можен пад на имунитетот, внесувајте повеќе витамини.

Вага (23 септември – 22 октомври)

  • Работа: Мирен и хармоничен ден на деловен план. Сите обврски ги завршувате со леснотија.
  • Љубов: Можност за средба или порака од личност од минатото со која сè уште постои хемија.
  • Здравје: Време е за повеќе физичка активност.

Скорпија (23 октомври – 21 ноември)

  • Работа: Не молчете во однос на важните одлуки – кажете го својот став наместо да оставате другите да одлучуваат за вас.
  • Љубов: Потребна ви е подлабока поврзаност. Избегнувајте претерана посесивност или контрола врз партнерот.
  • Здравје: Добро, но потребно ви е време во природа за да ги наполните батериите.

Стрелец (22 ноември – 21 декември)

  • Работа: Фокусирајте се на рутинските обврски и избегнувајте непотребни расправии на работното место.
  • Љубов: Преземете конкретен чекор кон личноста која долго време ве привлекува.
  • Здравје: Потребно ви е повеќе сон и квалитетен одмор.

Јарец (22 декември – 19 јануари)

  • Работа: Фокусирани сте на завршните деловни цели за овој месец. Финансиската ситуација е стабилна.
  • Љубов: Внимавајте тврдоглавоста да не изгради ѕид меѓу вас и партнерот. Отворениот разговор ги решава сите сомнежи.
  • Здравје: Намалете ја напрегнатоста во вратот и рамената.

Водолија (20 јануари – 18 февруари)

  • Работа: Иновативни идеи ви доаѓаат на памет, но атмосферата на работа може да биде малку напрегната. Држете се настрана од конфликти.
  • Љубов: Поминете повеќе време со саканата личност – тоа ќе ви ја врати позитивната енергија.
  • Здравје: Хроничен замор; исклучете ги екраните пред спиење.

Риби (19 февруари – 20 март)

  • Работа: Добра организација е клучот да не доцните со обврските пред крајот на месецот.
  • Љубов: Одличен момент за отворен разговор со партнерот во врска со сите работи што ве мачат.
  • Здравје: Внимавајте на исхраната и одмарајте се почесто во текот на денот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни