Балкан

Археологот кој ги откри останките на цар Самуил ќе добие улица во Софија

Археологот кој ги откри останките на цар Самуил ќе добие улица во Софија

Од ГЕРБ-Софија ќе предложат улица во бугарската престолнина да го носи името на грчкиот археолог и професор Николаос Муцопулос, кој во 1969 година ги откри гробот и посмртните останки за кои се смета дека му припаѓаат на цар Самуил.

Иницијативата ќе биде доставена до Советот на град Софија, а предвидено е Муцопулос постхумно да биде одликуван и со почесен знак на Град Софија.

Грчкиот археолог, архитект и универзитетски професор до откритието дошол при археолошките ископувања во базиликата „Св. Ахил“ на островот во Малото Преспанско Езеро. Тој посветил години на истражување и зачувување на пронајдените останки.

Муцопулос бил почесен доктор на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, Пловдивскиот универзитет „Паисиј Хилендарски“ и Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“, како и почесен член на Бугарската академија на науките.

Иницијативата доаѓа во период кога, според најавите од Бугарија, посмртните останки на цар Самуил треба да бидат положени во црквата „Света Софија“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни